Дома Добродојдовте на www.berovo.com Панорама од Берово Св. Архангел Михаил Св. Богородица Есенски бои во Малешевијата
Насловна 
Историја 
Култура 
Фотоалбум 
Спорт 
Хумор 
Дискусии 
Chat 
Guestbook 
Download 
MP3 
Kонтакт 
Временска
прогноза
 
Карти од Малешевијата
 
 
Вести од Малешевијата
 
15.10.2001 Извор: Вест

ПО РАСПИШУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА РАЗВОЈ НА КУЛТУРАТА ПРЕКУ ТУРИЗМОТ
Беровци се тркаат за дел од 5.000.000 долари од Светската банка
Во Берово веќе наголемо се подготвуваат индивидуални и групни проекти со кои граѓаните ќе конкурираат пред Министерството за култура. Граѓаните, а посебно занаетчиите: копаничари, тишлери, мајсторите

Во Берово веќе наголемо се подготвуваат индивидуални и групни проекти со кои граѓаните ќе конкурираат пред Министерството за култура за дел од 5.000.000 долари што Светската банка ги додели за развој на културниот туризам. Граѓаните, а посебно занаетчиите: копаничари, тишлери, мајсторите за каци, но и земјоделците и сточарите веќе формираат здруженија и изготвуваат проекти со свои идеи за развој на занаетчиството и производството на здрава храна во овој крај. По се изгледа дека трката за добивање на дел од парите ќе биде голема, а секој занаетчија се надева дека ќе добие барем нешто. Како што ни изјави Ѓорѓи Поповски, копаничар од Берово, копаничарите и уметниците веќе размислуваат и за отворање на некој галериски простор во кој нивните дела ќе бидат изложени за продажба. Исто така ни рече оти постои иницијатива нивните дела да се изложуваат и во ресторанот кај езерото, но туристите ќе можат да ги посетуваат и нивните работилници и да гледаат како се создава едно дело.
Од 5.000.000 долари за пилот-проектот за Берово следуваат 10 отсто или вкупно 500.000 долари. Нив ќе ги добиваат на рати, по 100.000 долари годишно. Освен парите од Светската банка, во Берово ќе финансира и Министерството за култура и тоа со канцелариска опрема и материјали и компјутери.
Министерството за култура конкурсот го распиша пред неколку месеци, а формирана е и Комисија која ќе ги разгледува предлозите на граѓаните за пилот-проектот Берово. Досега во општината во Берово се уште нема пристигнато конкретни предлози, но како што вели портпаролот на Министерството за култура Оливер Шамбески, добро е што веќе се пројавуваат иницијативи меѓу граѓаните.
- Комисијата ќе ги разгледа сите предлози од граѓаните, без разлика колку се тие банални и смешни. Меѓу предлозите сигурно ќе има и добри што ќе може да влезат во конкретниот план за развој на културниот туризам. Сега се уште сме кај првата подготвителна фаза каде се прави анализа за потребите и потенцијалите на Берово, а ја изготвуваме со странски консултанти и треба да биде готова до крајот на годинава - вели Шамбески.
Берово како пилот-локалитет беше избран од Светската банка, како најпогоден за спроведување на проектот "Развој на општините преку културата" и тоа за оживување на манастирскиот туризам. Министерството за култура дури и го предложи манастирот "Св. Архангел" за развој на манастирскиот туризам. Како што вели Шамбески, идејата е стара повеќе од десетина години, а за неа Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата има изработено и проект. Освен во манастирскиот комплекс, иницијативи за развој на туризмот има и на Беровското Езеро. Таму веќе е реновиран постоечкиот ресторан и бунгаловите. Во Берово има и иницијатива за отворање на туристичка агенција, преку која граѓаните ќе ги нудат своите услуги, издавање соби за туристи. (Е.О.С.)

КОПАНИЧАРСТВО
 
РАДИОАМАТЕРСТВО

Подржете ја оваа страна со клик врз рекламите

Рекламен
простор